Продолжува соработката со НАТО Центарот за одбрана од тероризам

Bоената академија повторно даде значителен придонес на НАТО Центарот за извонредност-Одбрана од тероризам, при реализацијата на курсот насловен како “Употреба на сајбер просторот од страна на терористите”, кој се одржа во периодот 14-18.05.2018 година, во Анкара, Република Турција.

За време на курсот пполк. д-р Митко Богданоски, вон. проф., продекан на Воената академија, реализира 2 (две) поканети предавања и тоа за Сајбер закани по критичната информациска инфраструктура и контра мерки, како и Употребата на криптографијата и стеганографијата од страна на терористите. Предавања на активноста одржаа и експерти од областа од САД, Германија, Естонија и Турција. На курсот учество земаа преку 50 учесници од повеќе од 20 држави членки и партнери на НАТО.

Ова предавање претставува продолжение на долгогодишната плодна соработка на Воената академија со НАТО Центарот за одбрана од тероризам во областа на сајбер безбедноста и одбраната од тероризам.