Реализирана возвратна посетата и воспоставена соработка со Меѓународниот Грчки Универзитет

Во период од 24.-27.01.2020 година реализирана е возвратна посетата од страна на делегација од Меѓународниот Грчки Универзитет предводена од проректорот професорот Димитрие Емманоулоудис.

За време на посетата потпишан е Меморандумот за соработка и се разговарите за теми опфатени во меморандумот и тоа: Разгледување на можност за заедничка организација на научно-истражувачки активности, конференции, симпозиуми, семинари, работилници и заеднички напори за обезбедување на финансирање од надворешни фондови; Разгледување на можноста за изработка на заедничката магистерска програма и за техничката поддршка во образованието / обуката; Разгледување на можност за организирање на курсеви кои обезбедуваат меѓународни лиценци за лица кои треба први да реагираат во случај на кризи ( First responders), пожарникари и лица вработени во институциите за заштита и спасување и други потребни курсеви кои се во делокругот на мисијата на Воената академија; Размена на академски кадар помеѓу двете институции; Размена на студенти помеѓу двете страни со цел да се промовира можноста за студирање, како и Размена на научни информации од заеднички интерес преку размена на научни списанија, електронски списанија, публикации, учебници и друго од интерес на двете страни .