Реализиран академскиот дел од Летниот кампус 2019

Во период 16.07-26.07.2018 година, во Центарот за обука Пепелиште, се одржува десеттата по ред меѓународна активност Летен кампус 2019. Првиот таканаречен академски дел се реализираше на 16.07.2019 и на истиот питомците имаа можност да присуствуваат на 2 поканети предавања од истакнати професори и експерти од Република Северна Македонија и САД.

Првото предавање беше на тема: „Улогата на Обединетите нации во операциите за поддршка на мирот“ и беше реализирано од страна на д-р Тревис Морис, вонреден професор, кој е дел од Норвич Универзитет – САД.

Второто предавање беше на тема: „Соочување со новиот оперативен домен: Борба против новите закани врз сајбер безбедноста“ и истото беше реализирано од страна на полковник д-р Митко Богданоски, вонреден професор, продекан во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски”.