Во период од 03-05. Април 2022 претставници од Воената академија земаа учество на првиот транснационален (почетен) состанок од Еразмус+ KA220 проектот „Future Classrooms’ Leadership“ кој се реализираше во Пултуск, Р. Полска.
Транснационалниот состанок го водеше координаторот на проектот проф. Моника Јоворска, а состанокот имаше за цел да ги запознае присутните со деталите, плановите и активностите на партнерите, координирање на различни аспекти на проектните активности, објаснување на финансиските правила и процедури. Дополнително се разменија мислења и искуства за поефикасно реализирање на задачите кои произлегуваат од проектот.
За време на состанокот учесниците имаа можност да се сретнат и да продискутираат со Градоначалникот на Пултуск кој даде безрезервна поддршка на проектот.