РЕАЛИЗИРАН ТРЕТИОТ ОНЛАЈН СОСТАНОК ОД ЕРАЗМУС+KA220 ПРОЕКТОТ „FUTURE CLASSROOMS’ LEADERSHIP“

Третиот онлајн состанок од Еразмус+KA220 проектот „Future Classrooms’ Leadership“ се одржа во Вторник, 30-ти Август 2022 година.

На состанокот присуствуваа сите партнери во проектот. За време на состанокот беа разгледани идните активности што треба да се спроведат во текот на реализација на проектот.
Screenshot 2022-08-30 191056Screenshot 2022-08-30 192500Screenshot 2022-08-30 192247

Проектот ќе се реализира во период од Март 2022 до Март 2024 година. Учесници во проектот се претставници од Р.Полска како координатор и партнери од Р.Бугарија, Р.Романија, Р.Турција и Р.Италија. Главнaта цел на проектот е да се пополни јазот во дигиталната компетентност на партнерите, со инкорпорирање на дигитални алатки, како и да се развијат вештини за комуникација и соработка со институциите на ЕУ.