ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ВИСОКИ ЛИДЕРИ ЗА ВОЕНИТЕ И ОДБРАНБЕНИТЕ АСПЕКТИ НА ГРАНИЧНАТА БЕЗБЕДНОСТ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Со задоволство известуваме дека по двегодишно планирање во периодот 23-30 септември 2017 г. во хотел Аурора, Берово беше одржана „Тркалезна маса на високи лидери за воените и одбранбените аспекти на граничната безбедност во Југоисточна Европа“, поддржана од програмата Наука за мирот и безбедноста на НАТО.

Активноста се реализираше од страна на Центарот на извонредност за C4I (команда, контрола, комуникации и разузнавање) и сајбер безбедност на Универзитетот Џорџ Мејсон, Центарот за технологија и национална безбедносна политика на Универзитетот за национална безбедност на САД и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Ова беше првата висока работилница на програмата Наука за мирот и безбедноста на НАТО во регионот. Исто така, ова е првиот грант на оваа програма на НАТО кој се реализира од страна на Министерството за одбрана на САД или Униеврзитетот Џорџ Мејсон. Целта е да послужи како платформа за развивање дискусија и партнерство во врска со прекуграничните закани на Балканот како што се насилен екстремизам/тероризам, шверц на оружје, сајбер и информациски операции како и миграција.

Главни говорници на настанот беа:

* д-р Линтон Велс II — Извршен советник за  C4I и сајбер безбедност на Универзитетот Џорџ Мејсон и поранешен помошник-секретар за одбрана на САД за мрежна информациска интеграција (ASD/NII) и главен информациски директор

*  Марк Лејти — Шеф на стратешките комуникации во Врховниот штаб на сојузничките сили на Европа (SHAPE) на НАТО

* Беким Максути — Заменик министер за одбрана на Република Македонија

* Расел Хауард, бригаден генерал во пензија, САД — основач на Центарот за борба против тероризам при Воената академија на САД во Вест Поинт и поранешен шеф на Катедрата за општествени науки

* Алан Брил — Висок извршен директор за сајбер безбедност на Крол

Останатите говорници вклучуваа и претставници од:

  • AT&T
  • Одделот за сајбер одбрана на Каитселит од Естонија
  • Центарот на извонредност за C4I и сајбер безбедност на Универзитетот Џорџ Мејсон
  • Европскиот центар за безбедносни студии Џорџ К. Маршал
  • GlobalFocus, Романија
  • Амбасадата на Кралството Норвешка
  • Здружената команда за трансформација на НАТО
  • Програмата за унапредување на образованието во одбраната (DEEP)
  • Центарот на извонредност на НАТО – HUMINT (HCOE)
  • Центарот на извонредност за стратешки комуникации на НАТО (StratCom COE)
  • Институтот за истражување за сајбер инжинерство во националните лаборатории Сандаја во САД
  • Институтот за обука и истражување на ОН (UNITAR)
  • Истражувачката програма за меѓурегионален криминал и за правда на ОН (UNICRI)
  • Универзитетот за здружени специјални операции на САД (JSOU)
  • Поморската постдипломска школа на САД (NPS)
  •  Универзитетот за национална одбрана на САД
  • Канцеларијата за поморски истражувања на САД (ONR)

На активноста учествуваа и високи претставници од владата, тинк-тенк организациите, невладините организации, како и претставници од академската средина од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Македонија, Црна Гора, Норвешка, Србија и САД.

Најавено е објавување на резултатите од истражувањето од страна на НАТО во IOS press. Оваа мошне успешна тркалезна маса резултираше и со отпочнување на неколку заеднички истражувачки проекти.

Концептот, програмата и истражувањето ги води д-р Итамара Локхард која го доби грантот од програмата Наука за мирот и безбедноста на НАТО во име на Центарот на извонредност за C4I и сајбер безбедност на Универзитетот Џорџ Мејсон и Универзитетот за национална безбедност на САД. Таа исто така е и уредник на книгата.

НАТО ПзМ ко-директор на проектот е д-р Лазар Ѓуров од Воената академија на Република Македонија. Останати членови на комитетот од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се деканот д-р Орце Поповски, пполк. Никола Клетников и д-р Југослав Ачкоски. Д-р Дејан Ранчиќ од Универзитет во Ниш е исто така дел од овој тим.