Успешно реализирана „Обука за обучувачи од областа на сајбер безбедност“

На ден 26.03.2019 година, согласно  претходно изготвениот и одобрен план за едукација на вработените во одбраната,  д-р Митко Богдановски, вон. проф. – продекан во ВА и д-р Димитар Богатинов, доцент, мајор, изведоа обука за обучувачи со вкупно 24 претставници од Министерството за одбрана и Армијата.

Темите кои беа опфатени, а кои понатаму ќе се користат за обуките за подигање на свеста за сајбер безбедност се следниве:

  1. Општа терминологија и опасности кои демнат на Интернет;
  2. Безбедно сурфање, безбедна околина, поднесување рапорти за воочени неправилности, Социјален инженеринг, опасности од користење на преносливи мемориски уреди;
  3. Безбедно користење на е-маил (spam, phishing, executable files и најдобри практики – лозинки, софтвери, инсталации, кориснички права и сл.);
  4. Безбедно користење на службен компјутер; процедури, инструкции и насоки за работа во класифицирана информатичка мрежа (КИМ).

По завршената обука, претставниците на Министерството за одбрана и Армијата, имаат задача да ги спроведуваат обуките за подигање на свеста за сајбер безбедност со сите вработени во Министерството за одбрана и Армијата, согласно претходно дефиниран план.

Со ова Министерството за одбрана започна со исполнување на обврските од Национална стратегија и акцискиот план за сајбер безбедност.