Успешно реализиран курс за штабни должности во баталјон

На ден 05.11.2018 година отпочна реализацијата на Курсот за штабни должности во баталјон, со вкупно 14 слушатели од различни родови и специјалности .

Целта на курсот е оспособување на слушателите за извршување на штабни функции и штабни должности (началници од С-1 до С-9 на ниво на баталјон), во изведување на национални и здружени воени операции и операции од невоен карактер.

За реализација на Студиската програма на Курсот за штабни должности во баталјон се ангажираат наставници и соработници од одредени предметни подрачја како и експерти од АРМ , а на кои им е доделена настава од страна на ННС на Воената академија.

Курсот се реализира согласно одобрената Студиска наставна програма и Планот за реализација на наставата, во вид на редовна настава која е основна форма на наставно – образовниот процес, а се организира и се реализира низ предавања, презентации, работа по синдикати, консултации, анализи, вежби, практично – применети форми на настава и стручно стажирање.

Курсот за штабни должности во баталјон се реализира во два модула од вкупно 22 работни дена или 132 наставни часа и стручно стажирање кое се реализира во единиците на АРМ во време траење од 8 работни дена односно 48 наставни часа.

Предмети кои ќе се обработуват на Курсот според оваа Студиска програма се Тактика, Лидерство и менаџмент во тактичките единици, Воена логистика, Комуникациски вештини и информатичка поддршка на штабната работа на тактичките единици и Физичко вежбање.

Курсот за штабни должности во баталјон како и Курсот за командири на чети на родови и логистички специјалности претставуваат темелна база за натамошното стручно и професионално усовршување на офицерите на АРМ за извршување на мултинационални операции предводени од конвенционалните сили на НАТО.

Курсот за штабни должности во баталјон успешно го завршија сите 14 слушатели, а на завршната церемонија на ден 21.12.2018 година им се поделени сертификати за совладаниот курс.