Успешно реализиран Курс за командири на чети на родови и логистички специјалности во период од 02.04-30.04.2018 година

Во период од 02.04. до 30.04.2018 година во  Воената академија – Скопје , се реализираше Курс за командири на чети на родови и логистички специјалности, со вкупно 19 слушатели од различни родови и специјалности.

Целта на курсот е оспособување на слушателите за командирски должности, преку стекнување на основните сознанија за начинот на организацијата, планирањето и реализирањето на мисијата на ниво на чета, оспособување на слушателите за изведување на национални и здружени воени операции и операции од невоен карактер.

За реализација на Студиската програма на Курсот за командири на чети на родови и логистички специјалности се ангажираат наставници и соработници од одредени предметни подрачја како и експерти од АРМ и МО, а на кои им е доделена настава од страна на наставно -научниот совет на Воената академија.

Ова е по седми пат во Воената академија – Скопје да се реализира Курс за командири на чети на родови и логистички специјалности. Курсот се реализираше согласно одобрената Студиска наставна програма и Планот за реализација на наставата, во вид на редовна настава која е основна форма на наставно – образовниот процес, а се организира и се реализира низ предавања, презентации, работа по синдикати, консултации, анализи, вежби и практично – применети форми на настава.

Курсот за командири на чети на родови и логистички специјалности се реализираше во два модула од вкупно 20 работни дена или 120 наставни часа.

Предмети кои се обработуваа на Курсот според оваа Студиска програма се Тактика, Лидерство и менаџмент во основните тактичките единици, Системи на вооружување и управување со ресурси, Вооружени конфликти и неконвенционално војување и Физичко вежбање.

Курсот за командири на чети на родови и логистички специјалности како и Курсот за штабни должности во баталјон претставуваат темелна база за натамошното стручно и професионално усовршување на офицерите на АРМ за извршување на мултинационални операции предводени од конвенционалните сили на НАТО.