Воената академија отпочна со реализацијата на INTERREG IPA прекуграничен проект со наслов„Современи алатки за детекција и прогноза на пожари и поплави како и употреба на иновативни техники за обука за граѓаните” (PREVEN-T)

presentation PREVENT 7-5-2021 by Spiridon Mamalis GEOTEE

На 07-ми мај во периодот 10:30 – 12:00 часот, претставниците на Воената академија учествуваа на првиот транснационален состанок (почетна средба). На состанокот учество земаа учесниците и лицата кои ќе се дел од INTERREG проектот добиен од IPA програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 “ со наслов Современи алатки за детекција и прогноза на пожари и поплави како и употреба на иновативни техники за обука за граѓаните (Modern Tools for wildfires’ and Floods’ Risk punctual forecast and monitoring and innovative techniques for citizens’ safeguard awareness and preparedness) – PREVEN-T.

На состанокот присуствуваа следниве институции / претставници:

  • INTERREG ИПА Програма за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“ Заеднички секретаријат, финансиски службеник – г-дин Горгос Папапостолу
  • Геотехничка комора на Грција – ГЕОТЕЕ: Г-дин Мамалис Спиридон и г-дин Ник Пурсанидис
  • Воена академија: Продекан на Воената академија проф. д-р Митко Богданоски – координатор на проектот, доцент д-р Димитар Богатинов и м-р  Никола Клетников.
  • Национален парк „Пелистер“: Г-ѓа Виолета Сотировска

Овој почетен состанок, кој го водеше координаторот на проектот г. Мамалис Спиридон, претседател на геотехничката комора на Грција – ГЕОТЕЕ, а состанокот имаше за цел да ги запознае присутните со деталите, плановите и активностите на инволвираните институции, координирање на различни аспекти на проектните активности, објаснување на финансиските правила и процедури, како и споделување идеи за методологијата на истражувањето во врска со развојот на методолошката рамка за проектот PREVEN-T.
Исто така, беше презентиран и одобрен детален план за подготвителните фази на проектот.
Проектот е предвидено да започне во мај 2021 година.

Цели на проектот

Во целина, проектот разгледува интегрирани методи за употреба на иновативни ИКТ алатки и модели за развој на активности на четири нивоа на управување со природни катастрофи:

  • Ниво на планирање: Развој на модели за брза реакција и предвидување (Информационен систем за детекција рано предупредување и следење на пожари, модел на детекција на загадување на површински води и  вегетација, временски модел со висока резолуција, хидролошки модел).
  • Ниво на превенција: Организирање на семинари за едукација и обука (платформа за е-учење) за студентите, граѓаните, органите за цивилна заштита и вработените во општините, со цел нивна поткревање на свесноста и подготвеноста за борба против природни катастрофи и технолошки ризици.
  • Ниво на одговор: Развој на упатства за управување со вонредни состојби што ги потенцира врските помеѓу климатските промени и управувањето со вонредни состојби.
  • Ниво на рехабилитација: Надградба на локалниот информативен центар во Националниот парк „Пелистер“ и формирање лабораторија за едукативни и истражувачки цели во областа на управување со катастрофи и ризици во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, кои имаат за цел набљудување, и ублажување на влијанијата на природните катастрофи.